Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
 
Местоположба
Зградата на Основниот суд во Прилеп се наоѓа на улицата „Димо Наредникот“ бб, и тоа на раскрсницата на оваа улица со булеварот „Маршал Тито“, во непосредна близина на Хотелот „Липа“ и зградата на Секторот за внатрешни работи - Прилеп и повеќе адвокатски канцеларии.

Судот е опкружен со парковска површина, во која се наоѓа бистата на неговиот патрон, народниот херој и адвокат Рампо Левката.

Мапа со локација на судот: ТУКА
 
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Прилеп ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен Суд Прилеп ја сочинуваат следните групи на информации:
1 Општи информации за судот 3 Судска Власт
2 Судска пракса 4 Контакт информации
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Прилеп со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот Суд во Прилеп или да го симнат тука.

Барање за пристап до информации од јавен карактер

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Прилеп, Бул. “Гоце Делчев“, бб или на e-mail: sudprilep@t-home.mk, како и на факс бр.048 423-703.

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 048 421-700.

Основен Суд Прилеп согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Жарко Велески.
 
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме.
 
Име и презиме:
Адреса:
Телефон:
Емаил Адреса:
 *    
Тема на Пораката:
 *  
 
Содржина на Пораката:
 *  
 
 
Полињата означени со * се задолжителни.